Фото; МИА

Учениците во основните училишта да се ослободат од обврската да носат маски на училиште за заштита од ковид-19, но тоа да не важи за наставниците и техничкиот персонал, препорача Комисијата за заразни болести.

Претседателот д-р Александар Петличковски рече дека оваа препорака нема да биде задолжителна и ако некое од децата сака, може да продолжи да носи маска.

Исто така, донесена е препорака за зголемување на капацитетот на исполнетост во затворените објекти како опери, театри, кина и друго од 50 на 70 проценти.

Комисијата препорача да се укинат сертификатите за вакцинација или прележан коронавирус за посета на угостителски објекти на отворено.

Препораките ќе бидат доставени до Главниот кризен штаб и од таму на Влада.