Фото: Пиксабеј

Правилата на Европската Унија за дигиталните сертификати за коронавирусот ќе останат во сила уште една година поради сѐ уште актуелната пандемија на болеста.

Претставниците на Европскиот парламент и на владите на земјите-членки синоќа се согласија да ги продолжат правилата до 30 јули 2023 година, соопшти француското претседателство со Советот на ЕУ, додавајќи дека прописите би можеле да бидат укинати и порано доколку ситуацијата го дозволи тоа.

Сертификатите беа воведени како мерка за олеснување на движењето на луѓето за време на пандемија. Користејќи кјуар-код сертификатите даваат информации за тоа дали некое лице било вакцинирано против ковид-19, имало негативен тест или ја прележало болеста.