Приказни од самоизолациjа

Не можам да кажам дека не ми е исполнет секој ден 

Една од работите што ја пролонгирав поради немањето слободно време беше молерисувањето, решив сам да се впуштам во овој подвиг што е и практично пополнето време.
Од навидум едноставна работа, почнаа да излегуваат ситни проблеми што ми одзедоа време, па преуредување работи низ домот и што сѐ не. Еден месец подоцна уште средувам, молерисувам и си отворам нова работа, не можам да кажам дека не ми е исполнет секој ден од почетокот на карантинот, па досега.