Фото: Игор Бансколиев

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.

Бројот на активни случаи со ковид-19 изнесува 6.861 откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени и 9 починати лица.