Фото: Зоран Антоски

Во текот на изминатото деноноќие за време на полицискиот час и спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот, на подрачјето на Општина Кичево  нема  прекршување на полицискиот час.

Во истиот период не се  регистрирани  кражби и сообраќајни незгоди.Во изминатото деноноќие полициските службеници извршиле контрола врз 6 лица во самизолација и, таму не се регистрирани неправилности а, во истиот период на ниво на СВРОхрид извршени  се и 37 контроли на угостителски и други објекти и сите се придржувале кон мерките на Владата.

На 16 мај во 9 и 45 часот на главната улица во Кичево во близина  на Житниот пазар, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од лицето У.З.(40) од Кичево, врз Ш.Ш.(56) од село Зајаз.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава- информира Стефан Димоски од СВР Охрид. З.Ан.