Претседателот на Полска позитивен на ковид-19

52

Полскиот претседател Анджеј Дуда е позитивен на ковид-19.

Неговиот портпарол Блажеј Спихалски на Твитер напиша дека претседателот бил тестиран вчера и дека тестот бил позитивен.

Спихалски наведе дека Дуда се чувствува добро.