Дезинфекција во населените места во Прилеп

140

Во насока на заштита на здравјето на граѓаните од целата територија на општината, вчера и денеска Општина Прилеп спроведе акција за дезинфекција во населените места.

Со земјоделска механизација на месното население, дезинфицирани беа улиците во петнаесетина населени места, меѓу кои и Мажучиште, Галичани, Кадино село, Мало и Големо Коњари, Беровци и сл.

Дезинфекционите средства ги обезбеди Општина Прилеп, а акцијата беше координирана од страна на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови – Прилеп.