Фото: Макфакс

Во трагичната несреќа во Бугарија, во болницата „Пирогов“ во Софија примени се 17-годишно девојче и шест возрасни лица, изјави за БТА д-р Маја Аргирова од Клиниката за изгореници при медицинската установа. Таа нагласи дека тие не се во животна опасност.

Девојчето и петмина од возрасните се на Клиниката за изгореници, а еден е упатен на Клиниката за трауматологија. На сите им се прават дополнителни прегледи во болницата.

Несреќата се случи на магистралниот пат Струма нешто по два часот по полноќ, кај селото Боснек. Автобусот со макеоднски таблици сообраќал кон земјава.