Лидерката на данската Социјално демократска партија, Мете Фредериксен соопшти дека нејзината партија се согласила со левичарските сојузници да формира нова влада, пренесе „Ројтерс“.

Блокот од пет левичарски опозициски партии кои ги предводи 41-годишната Фредериксен на изборите на 5 јуни доби мнозинство гласови, што го принуди дотогашниот премиер, Ларс Локе Расмусен да поднесе оставка.