Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот.

За време на пожарот нема повредени лица, но предизвикана е голема материјална штета пришто целосно изгореле дел од едрилиците.

Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила и 13 пожарникари.