Фото: Горан Анастасовски

Во скопската Зоолошка градина се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus). Стари се три недели, а мајката ги родила во дувло кое сама го направила и таму се поголемиот дел од денот, велат од Зоолошка.

Деновиве ги фотографираше Горан Анастасовски.

-Волчињата се со родителите, тие се грижат за нив. Мајката ги роди во дувло кое сама го направи и таму седат сокриени подолго време од денот. Ова се бели волци но кога се раѓаат не се бели. Во многу земји на ЕУ се строго заштитени со Бернската конвенција за заштита и со директива. Во Македонија волкот е заштитен со посебен закон – велат од Зоолошка.

Ова се родителите на волчињата.

Арктички бели волци во Зоолошка пристигнаа од Чешка, на средината на 2020 година.
Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Арктичките волци се познати и како поларни волци или бели волци.
Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот (нивно ловење), туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот. Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.