Фото: www.sff.ba

Екатерина Лазаревска
Александра Лашкова

Од утре до 19 август, во главниот град на Босна и Херцеговина ќе се одржува 28. издание на Сараевскиот филмски фестивал (СФФ). Регионалниот филмски фестивал е исклучително интересен од аспект на културата, филмот и продукцијата.

Поаѓајќи од изворните мотиви за создавањето еден ваков собир, надминување на траумите од војната во Босна и долгогодишната блокада на Сараево, фестивалот во себе вградил уште поголеми амбиции: интеркултурно и мултиконфесионално зближување, промовирање на толеранцијата, комуникацијата и уважувањето на различностите, а и чување на мирот и стабилноста и развојот на едно општество. Таквата амбиција на Сараевскиот филмски фестивал од година на година и се остварува. Фестивалот станува битен светски настан, со зголемено значење за односите меѓу Истокот и Западот. Но, истовремено, СФФ станува и квалитетен настан што ги поврзува сценаристите, режисерите и продуцентите од регионот со меѓународни високи и реномирани професионалци од таа област.

Документарецот „Повлекување“ на Анабела Ангеловска во конкуренција за награда во Сараево

Настаните на отворено (2.500 седишта) се едни од најважните моменти на фестивалот.
Генералниот фокус на Сараевскиот филмски фестивал е препознавање и промовирање на квалитетот на регионалните филммејкери и продукција.

Фестивалот и деновиве предизвика огромна заинтересираност кај љубителите на филмот. Имено, вчера, уште од раните утрински часови граѓани од сите краеви на светот, кои веќе имаат сместување во Сараево, чекаа да биде отворен боксофисот на СФФ, за да купат блок-карти за фестивалот. Првите десет посетители беа наградени со карти и со официјалниот плакат на 28. Сараевски филмски фестивал.

Осум филмови во главната натпреварувачка програма на Сараевскиот филмски фестивал

Во текот на осумте фестивалски денови, со динамична и набиена агенда, се очекува исполнување на соништата на многу млади и перспективни лица од сферата на филмот и продукцијата, а за фестивалот – искачување на уште едно скалило погоре во постигнување на својата благородна мисија и визија.

За наградите „Срцето на Сараево“ годинава ќе се натпреваруваат 51 филм