Судијата известител Осман Кадриу, кажа дека времената мерка е беспредметна и таа може да се одреди само во случај на поведување на постапка

Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободите и правата поднесено од професорката Тања Каракамишева во 2019 година, во кое таа образложува дека со Договорот од Преспа и се повредени правото за забрана од дискриминација и правото на слобода на мисла и изразување.

Судијата известител Осман Кадриу, изнесувајќи го барањето на денешната трета седница на Уставниот суд, посочи дека Судот може да одлучува за повреда на конкретни слободи и права, за кои повреди според нашиот Устав се пружа уставно судска заштита, но дека мошне важно е овие права да се повредени со поединечен акт или дејствие на орган или институција.

–Врз основа на поединечност, подносителот овде се повикува на конечната спогодба и на начин на кој е елаборирано, спогодбата не претставува индивидуален акт. Спогодбата и преземените дејствија во сите фази не станува збор за индивидуални дејствија со кои може да бидат повредни индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица-изјави Кадриу.

Според Кадриу, клучно е тоа што со конечната преспанска спогодба со Грција и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека Спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни интереси за добробит на сите граѓани и целата држава, согласно што не постојат услови Уставниот суд да одлучува по ова барање.

Каракамишева во барањето, образложено на 15 страници, бара од Уставниот суд да се утврди дека со Конечната спогодба од Преспа и се повредни правата за кои Уставниот суд пружа заштита и да донесе времена мерка со која ќе забрани извршување на сите мерки, задачи и обврски кои произлегуваат од спогодбата до донесување на конечниот акт.

Судијата известител Осман Кадриу, кажа дека времената мерка е беспредметна и таа може да се одреди само во случај на поведување на постапка.

Каракамишева пред да поднесе барање пред Уставниот суд, се обраќа до Граѓанскиот суд во Скопје, кој се прогласува за апсолутно ненадлежен да одлучува, по што таа во законскиот рок, се обраќа до Уставниот суд.

Во образложението пред Уставниот суд, Каракамишева, како прв основ го наведува тоа дека во преамбулата на конечната спогодба од Преспа не се споменува името на државата, туку се кажува другата страна, со што со такво нормирање таа смета дека нејзините права се повредни и втор правен однос кој се повикува е дека со склучениот акт на спогодба континуирано и со трајно дејствие и се повредни нејзините права.