Фото: Принтскрин

САД на билатерална основа водат разговори со Софија и Скопје да ги решат билатералните спорови брзо, бидејќи е време Македонија и Албанија да ги започнат предпристапните преговори со ЕУ, стаса порака од Стејт департментот.

Државниот секретар Ентони Блинкен и министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дриен во телефонски разговор минатата недела укажаа на забрзување на процесот.

На прашање од МИА да се откријат детали и рокови во врска со ова, портпаролот Нед Прајс синоќа одговори дека се продолжува со охрабрување на билатерална основа како на Бугарија така и на земјава да ги решат билатералните спорови брзо.

-Но, нема да откривам детали за тие разговори – рече Прајс.

Укажа дека САД одамна се голем поддржувач на интеграцијата на двете земји во ЕУ.

-Сметаме дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион. длуката на ЕУ од март 2020 да се отворат преговорита за пристапување за Северна Македонија и Албанија ја зметаат за позитивен чекор – изјави тој.

Прајс вели дека двете земји ги сработија основните задачи и сметаме дека време е да продолжат заедно во следната фаза од долгиот и полн со предизвици процес на пристапување.

Додаде дека „историскиот Договор од Преспа покажа дека земјите од Западен Балкан се способни да завршат тешки работи, да дојдат до компромиси и тешки одлуки, и убедени сме дека Бугарија и Северна Македнија ќе го сторат истото со преговарање на нивните билатерални спорови“.