Британскиот премиер, Борис Џонсонсон ќе побара од парламентот да поддржи секаков договор за брегзит постигнат со ЕУ во рок од 24 часа, дознава „Тајмс“.

Според извори на весникот, Џонсон денеска ќе достави предлог со кој ги повикува пратениците да го поддржат секој договор што тој ќе го обезбедува со ЕУ на Самитот од 17-18 октомври, заедно со условите таканаречениот Беновакт, кој го обврзува да побара пролонгирање на брегзит доколку не се постигне договор.