Фото: Игор Бансколиев

Јавното обвинителство на Република Македонија ќе го разгледа барањето на специјалната обвинителка Катица Јанева, којa е во притвор, за префрлање на сите истраги и предистражни постапки од СЈО во Јавното обвинителство.

-Денеска судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави известување од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје – Скопје. Во известувањето се наведува дека Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ги овластува јавните обвинители во тоа обвинителство кривичните предмети да ги предадат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија – се вели во соопштението на ЈО.