Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Дендиас во пресрет на посетата истакна дека доаѓа во земја сосед и набргу сојузник на Грција во НАТО, со силна поддршка за нејзината евроинтеграција, во изјава што ја пренесоа македонските медиуми.

На средбата е предвидено да се разговара за билатералните односи, за политичката и економската соработка, како и за европската перспектива на Македонија и регионот. Исто така, предвидено е да се разгледаат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу двете земји во пресрет на имплементацијата на обврските од преспанскиот договор.

Во рамките на официјалната посета на Македонија грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.