Парламентите на Чешка и на Турција синоќа го ратификуваа проколот за членство на Македонија во НАТО.

– Убедени сме дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целокупната стабилност и безбедност на Балканот, како и самата Алијанса – истакна чешкиот вицепремиер Јан Хамачек.

Досега 21 држава го ратификуваше протоколот за прием на Македонија во НАТО.