Фото: Архива

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.404 тестирања, а регистрирани се 1.285 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-522, Куманово-43, Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5, Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27 и еден во Крушево.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 176 оздравени пациенти од Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3 и по еден од Гевгелија, Струмица и Демир Хисар.

Починати се 14 лица, еден пациент од Скопје (52), еден од Битола (75), двајца од Кичево (66 и 71 години), еден од Крива Паланка (47), еден од Штип (62), еден од Свети Николе (76), еден од Радовиш (66), четворица пациенти од Тетово (63, 50, 66 и 82), еден од Гостивар (78) и еден пациент од Кавадраци (21). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 38.782, бројката на оздравени пациенти е 23.011, на починати е 1110, а бројот на активни случаи изнесува 14.661. Од вчера се регистрираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 16.924, активни 6732
• Куманово 2.615, активни 641
• Дебар 376, активни 74
• Штип 1.913, активни 424
• Прилеп 1.765, активни 798
• Тетово 2.670, активни 890
• Струга 929, активни 186
• Велес 1.120, активни 672
• Битола 996, активни 495
• Охрид 924, активни 397
• Кавадарци 708, активни 367
• Гостивар 1.437, активни 393
• Гевгелија 478, активни 215 (24 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 83 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1.182, активни 649
• Крива Паланка 279, активни 125
• Радовиш 296, активни 115
• Крушево 46, активни 23
• Кочани 848, активни 266
• Пробиштип 248, активни 94
• Демир Хисар 104, активни 34
• Македонски Брод 115, активни 15
• Пехчево 60, активни 4
• Берово 236, активни 60
• Валандово 117, активни 36
• Виница 224, активни 107
• Делчево 299, активни 144 (74 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 90, активни 59
• Свети Николе 543, активни 125
• Кичево 724, активни 286
• Ресен 284, активни 90
• Неготино 232, активни 145 (21 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 3.404 теста се преку: ИЈЗ-1.181, ЦЈЗ Скопје-117, Авицена-534, Биотек-251, МАНУ -302, Жан Митрев (Филип Втори) -243, Систина со PCR метода -359, лабораторија Лаор –87, Судска медицина-2, ЦЈЗ Битола-127, Инфективна клиника-17, Синлаб-83, Ремедика-44, лабораторија болница Козле-32 и Здравствен дом Скопје (рапид тест) -25. Досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 26 часа примени се 12 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 162. На кислородна поддршка се 137 пациенти, но нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и 1 дете суспектно на ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 55 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 472 позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска статистиката на активни случаи по скопските општини е следна:

• Чаир – 400
• Гази Баба – 913
• Аеродром -1079
• Карпош – 923
• Центар – 893
• Кисела Вода – 803
• Ѓорче Петров – 555
• Бутел – 366
• Шуто Оризари – 93
• Студеничани – 33
• Сарај – 63
• Арачиново -14
• Илинден – 160
• Сопиште – 58
• Чучер Сандево – 47
• Петровец –62
• Зелениково -37
• Странец – 88
• Нераспределен- 145