Случајот на Асиа Биби го привлече вниманието на светската јавност

Случајот на Асиа Биби предизвика поделби во Пакистан, но би можел да има историско значење за човековите права во тамошното општество, со што го привлече вниманието на светската јавност, пренесуваат британските медиуми.

Христијанката Биби помина осум години во затвор чекајќи смртна казна, откако беше осудена за богохулие поради наводна навреда на пророкот Мухамед. Врховниот суд на Пакистан неделава ја поништи пресудата, утврдувајќи дека таа била лажно обвинета од муслиманка со која заедно работеле, берејќи овошје. Обвинувањата произлегле од нивна караница откако Биби пиела вода од чаша што ја донела за нив, што не смеела да го стори според жената што ги изнела лажните тврдења.

Ослободувањето на Биби поттикна протести кај исламското население кое изразува незадоволство поради поништувањето на пресудата. Од друга страна, тоа претставува надеж за религиските малцинства кои посакуваат да имаат исти права како мнозинското население од исламска вероисповед – да можат слободно да пијат вода, да ги практикуват своите регилиски убедувања и да имаат право на слобода на говор.

Радикалните исламисти се против промените. Предводени од движењето Терик-е Лабаик Пакистан (ТЛП), насилните групи се закануваат дека ќе ја излолираат државата, повикувајќи смрт за судиите кои ја поништија пресудата, како и распуштање на владата.

Законот за богохулие на Пакистан беше користен за безмилосен прогон на верските малцинства поради богохулие кон исламот. Воведувањето на клаузулата што се однесува на исламот во 1987 година, го зголеми бројот на обвинувања на 1.335 до 2015 година. Имаше само седум обвинувања помеѓу 1927 и 1986 година. Поништувањето на пресудата на Биби се смета за чекор напред во борбата за отстранување на смртната казна во случаите на богохулите, односно за воведувањето на реформи.

Ослободувањето на Биби ги разгневи радикалните исламисти