Брегзит би можел да биде поништен според грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој своевремено постапи спротивно на референдумски резултати, пишува Блумберг.

Ципрас им посочи на лидерите на самитот во Брисел дека Обединетото Кралство ќе биде принудено да одржи европски избори, доколку не го усвои договорот за повлекување од ЕУ во наредните шест недели.

– Ова ќе биде најголемиот пораз за поддржувачите на брегзит, и веројатно почеток на крајот на брегзит – кажал Ципрас, а потоа побарал од присутните да размислат дали ЕУ би ја подржила ваквата можност, според дипломатски извори. 

Грчкиот премиер е запознаен со тематиката на одржувањето референдум. Тој бараше изјаснување на народот за договорот за Грција понуден од европските партнери во 2015 година, а потоа се вклучи во камањата против спогодбата. Тој ја стекна поддршката на народот, за потоа да го смени ставот и да го прифати договорот на самиот во Брисел.

Но постои разлика помеѓу тогашното грчко прашање и брегзит. Грчката опозиција тогаш даде поддршка на спогодбата, помагајќи му на Ципрас да избегне побуна во парламентот. Британската премиерка Тереза Меј во повеќе наврати не успеа да добие таква поддршка.

Заедничко за Велика Британија и за Грција е што во двата случаи има силно јадро на европски поддржувачи, па Ципрас им кажа на лидерите во ЕУ дека тие не можат да ги игнорираат шесте милиони луѓе кои ја потпишаа петицијата за поништување на референдумот за брегзит.