Грчкиот премиер Алексис Ципрас му честиташе на неговиот македонски колега, Зоран Заев откако македонското Собрание вечерва со 80 гласови „за“ ја донесе одлуката за пристапување кон измена на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа.

– Честитки до мојот пријател Зоран Заев. Вечерашното гласање е голем чекор кон заедничкиот успех, мошне важен чекор за мирна и просперитетна иднина на нашите народи, напиша грчкиот премиер на својот налог на Твитер.