Цената на златото го надмина нивото од 1,4 илјади американски долари за унца, достигнувајќи највисока цена во последните шест години.

Вредноста на племенитиот метал скокна како резултат на слабеењето на доларот, загриженоста за економијата и геополитичките тензии. Побарувачката за благородни метали нагло се зголеми откако Федералните резерви на САД во средата објави дека наскоро најверојатно ќе ги намали клучните каматни стапки по 10-годишна пауза.

Вредноста на доларот ослабе по ваквиот сигнал кој се совпадна со олеснувањето на монетарната политика на централните банки ширум светот за да се поттикне економскиот раст.

Инвеститорите од целиот свет стравуваат дека економијата би можела да стане уште послаба во услови на трговска војна меѓу САД и Кина.