Оливие Дасо, француски пратеник и милијардер, наследник на богатството на Дасо, загина во хеликоптерска несреќа на северот на Франција во неделата.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, му оддаде почит на пратеникот на десничарската Републиканска партија, изјавувајќи дека Дасо ја сакал и ѝ служел на својата земја.

Според магазинот „Форбс“, Оливие Дасо поседува околу пет милијарди евра, а неговото семејство важи за едно од најбогатите во Франција. Тој е најстариот син на францускиот милијардер индустријалец Серж Дасо, чија компанија произведува воени авиони „Рафале“ и е сопственик на парискиот весник „Фигаро“, објави „Ројтерс“.