Франција во финалето на Светското младинско првенствово во Шпанија ја победи селекцијата на Хрватска со 28-23 и стана светски шампион. Иако Хрватите без пораз на првенството стигнаа до финалето, сепак против феноменалните Французи немаа шанси.

Франција од првата минута диктираше темпо, а одбраната на „триколорите“ го неутрализираше хрватскиот напад.

За Хрватска ова беше прво финале на светските првенства, додека Франција се закити со титулата и во 2015 година.

Кај победничката екипа најпрецизен беше Бенжамин Рише со 6 гола, а по 4 погодоци имаа Антонин Мохамед и Килијан Вилеминот.

Третото место на СП ѝ припадна на репрезентацијата на Египет која во двобојот за бронзата беше подобра со 37-27 од селекцијата на Португалија.