Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција на европскиот пат, дека стои зад нив.

– Ние го делиме истиот континент, историја, култура и сме во исто политичко семејство. Ве уверувам дека стоиме покрај вас, без оглед на сите процеси. Ние стоиме покрај вас и сакаме да бидете што е можно поблиски до нас – нагласи таа на Конгрес на ЕПП во Загреб.

Таа додаде дека националистите и популистите нема да го уништат европскиот начин на живот, како што се нарекува и еден од ресорите во нејзината нова комисија.