Ураганот Флоренс, пред да ослабне до тропска бура, зеде најмалку пет жртви во Северна Каролина.

Националниот центар за урагани во Мајами синоќа соопшти дека силата на Флоренс е намалена до тропска бура, но предупреди дека се уште се очекуваат животозагрозувачки налети на ветрот и катастрофални поплави во делови од Северна и Јужна Каролина.

Прогнозата е дек во теков на викендов стихијата значително ќе ослабне. Во текот на наредните денови се очекуваат поројни дождови.