Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет, предупредува министерот за здравство, Венко Филипче.

Tој апелира на почитување на мерките за заштита од ковид-19, за време на одморите.

– Да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци. Затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски. Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете! – порачува министерот.

Филипче и синоќа на социјалните мрежи предупреди на изложеноста на опасностите за време на празничните денови, пишувајќи: „Ти си на одмор, но вирусот не е“.

Објавите на министерот следат по информациите за зголемено присуство на народ на туристичките локации во земјава, по повод продолжениот викенд. На голем број снимки и фотографии кои беа објавени може да се забележи голем метеж на плажите и улиците, како и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот.