Фото: Архива

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во Македонија.

Од нив 20 се од Скопје, 3 од Куманово, 3 од Велес, двајца се од Прилеп и едно лице е од Дебар.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (108);, Дебар (41) – 1 починат;  Куманово (11) – 1 починат, Штип (7); Велес (3); Кавадарци (2); Охрид (2); Прилеп (2); Гостивар (1).