Од Владата, по завршувањето на вчерашната седницата соопштија дека се создадени првите конкретни услови, преку обезбедување финансиски средства, за изградбата Клиничкиот центар. На седницата е констатирано, дека доколку сите процедури се одвиваат според предвидената динамика, може да се очекува во текот на зимата да биде поставен камен темелникот на новиот Универзитетски Клинички центар во Скопје.

Истовремено, усвоена информацијата за начинот на финансирањето на изградбата. Задолжено е Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство да отпочне преговори со конзорциумот на банки Ерсте груп, Раjфаjзен банк и УниКредит за заем обезбеден со гаранција од ЕЦА.

– На седницата е констатирано дека е завршена фазата на утврдување најповолна понуда на кредит, а тоа што станува збор за познати светски банки, само ја потврдува довербата на странските кредитори кон нашата држава. На седницата е задолжено Министерството за здравство, како договорен орган, да ја спроведе постапката за јавната набавка за изградба. За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички центар, Владата донесе одлука, со оглед дека во изведбата обврски имаат и други министерства и институции, да даде рок од 30 дена, во коишто тие ќе ја разгледаат можноста за придонес во реализацијата и повратно ќе ја известат Владата – велат од владината прес-служба.