Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница „8 Септември“ во Скопје, на 64-годишна возраст, поради компликации поврзани со ковид-19, починал докторот Арификмет Деари, уролог од Тетово.

Деари бил хоспитализиран поради невролошки проблеми, но бил позитивен и на коронавирусот. По 15 дена болничко лекување, ја загубил битката со болеста.

Во ГОБ ,,8 Септември", на 64 годишна возраст, почина д-р Арификмет Деари, уролог од Тетово. Д-р. Деари беше…

Posted by Венко Филипче on Недела, 05 јули 2020

– Доктор Деари беше само на неколку месеци до пензионирањето, тој е првиот лекар кој почина од компликации со коронавирусот – напиша Филипче кој изрази жалење и длабоко сочуство до семејството.

Министерот воедно упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и да се заштитат себеси, здравствените работници и сите свои сограѓани.