Жителите, пожарникарите и сите инволвирани во гаснењето успеаја да го спасат манастирот Света Петка од пожарот кој повеќе од 10 часа беснее во Пехчево.

Според информациите од терен, ситуацијата е под контрола, а гаснењето продолжува со четири возила кои пристигнаа на помош од Бугарија.

Паралелно продолжува гаснењето на пожарот во Делчево, кај маалото Пасјак каде едно од вкупно четирите возила кои пристигнаа како помош се вклучило во гаснење на огнената стихија над селото Нов Истевник.