Удар на гром во авионот се наведува како можна причина за авионската несреќа која вчера се случи на московскиот аеродром „Шереметјево“, објавува руската агенција ТАС, според извор упатен во истрагата.

– Според одредена верзија гром удрил во авионот, по што откажала автоматиката. При слетувањето, авионот удрил во пистата двапати, според првичните податоци. Член на екипажот го потврдил ударот на громот – наведува ТАС. 

Рускиот претседател Владимир Путин наложи да се истражат причините за несреќата, а премиерот Дмитриј Медведев нареди основање на државна комисија која ќе учествува во истрагата. Во Русија е прогласена тридневна жалост поради несреќата.

Во авионската несреќа загинаа 41 лице.

Авионот „Сухоj Суперџет 100“ (ССЈ-100) на компанијата „Аерофлот“ поминал низ задолжителен технички преглед во април, а бил произведен во август 2017 година.