Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека за седум или осум часа би требало да биде познато кога ќе се случи излезот на Велика Британија од ЕУ.

– Теоретски за седум до осум часа би требало сè да биде јасно – истакна Туск.

Тоа ќе им овозможи на лидерите на ЕУ да ги разгледаат предлозите за евентуален договор на дводневниот самит, кој почнува в четврток во Брисел.

Британскиот премиер Борис Џонсон и натаму верува дека Британија ќе излезе од Унијата на 31 октомври, што е последниот утврден рок.