Министерството за одбрана на Турција соопшти дека во воздушни напади на сириските сили во провинцијата Идлиб убиени се двајца, а повредени се петмина турски војници.

Со тоа, бројот на загинати турски војници во Идлиб се искачи на 15, објави АП.

Во соопштението на Министерството, објавено на Твитер, се наведува дека турската армија одговорила на нападот.

Не се изнесени други детали, а не е познато ниту каде точно каде се случил нападот во Идлиб.

Министерството соопшти дека дури 50 војници на сириската влада биле убиени како одговор на турската армија и дека биле уништени пет тенкови, два оклопни носачи и друга опрема.

„Ројтерс“ потсети дека нападот се случи еден ден откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја објави можноста за турска воена офанзива во Идлиб, каде сириските сили поддржани од руските воздушни сили започнаа офанзива за воспоставување контрола во овој регион.