Најмалку тројца луѓе го загубија животот, а тројца фудбалери беа повредени по судирот на ривалските навивачи во престолнината на Хондурас, Тегусигалпа, по напад на тимскиот автобус на клубот Мотагва пред мечот со Олимпија.

Вестите за нападот на автобусот предизвикаа двете навивачки групи да се соберат околу стадионот и да се судрат, а полицијата користеше солзавец за да ги растера. Црвениот крст на Хондурас потврди дека тројца навивачи го загубиле животот, а уште десетина се повредени.

Нападот на автобусот пак, донесе скршено стакло и повреди на парагвајскиот дефанзивец Роберто Мореира, аргентинскиот голман Џонатан Роугиер и домашниот фудбалер Емилио Изагире, кој поголемиот дел од кариерата играше во Селтик.

Мотагва објавија дека нема да го играат презакажаниот меч против Олимпија и побараа казна за однесувањето на нивните навивачи.