Американскиот претседател Доналд Трамп денес одржа прес-конференција во врска со нападот на Иран врз две американски бази во Ирак. Тој најави дека Вашингтон ќе воведе нови санкции против Иран, наведувајќи дека воениот врв на САД и натаму разгледува начин на кој ќе одговори на синоќешниот ракетен напад на Републиканската гарда. Според Трамп, нема повредени американски војници во двата напади. 

– Немавме жртви, нашите војници се безбедни и претрпевме минимална штета врз базите. Нашите сили се поготвени за се – изјави Трамп.

Тој ги поздрави храброста и посветеноста на американските војници кои служат уште од 1979 година, откако трае конфликтот помеѓу овие две земји. Според него, Иран се една од причините поради нестабилноста на Блискиот Исток. 

– Иран се главниот спонзор за тероризам и нивното развивање на нуклеарно оружје е опасност за модерниот свет – изјави Трамп. 

Тој посочи дека САД се заслужни за елиминацијата на еден од најозлогласените луѓе на планетата, иранскиот генерал Касем Солејмани, кој е виновен за некои од најстрашните злосторства во светот, како и за тренирање на голем број терористи, вклучувајќи ја и терористичката група „Хезболах“. 

– Солејмани требаше да биде елиминиран многу порано – вели Трамп. 

Американскиот претседател нагласил дека Сулејмани планирал нови напади и дека тие го спречиле во намерата.

Трамп спомна дополнителни економски санкции кон Иран, а исто така ги спомена и нападите кон Саудиска Арабија и американските беспилотни возила. 

– Вашата кампања на терор и убивање нема да биде повеќе толерирана и дозволена да продолжи. Денес ќе побарам НАТО да биде повеќе инволвирано во процесите на  Блискиот Исток – изјави Трамп. 

Тој за време на конференцијата го спомена и Абу Бакр ал-Багдади, убиениот водич на Исламската држава, неговите злосторства и владеењето на теророт. Според Трамп, тероризмот и ИД се непријателот на Иран, и треба да работат со здружени сили со цел нивното финално елиминирање. 

– САД сакаат луѓето во Иран да имаат добра иднина и да живеат во просперитет и хармонија заедно со другите нации од целиот свет.