Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Aпелациски суд да ја поништи одлуката со која се бара неговата сметководствена фирма да достави финансиски извештаи.

Според адвокатите на Трамп, одлуката на судот од 20 мај, со која судијата побара од фирмата „Мазарс ЛПП“ да ги достават сите финансиски информации, била погрешна и треба да се менува.

Одборот за надзор во Претставничкиот дом смета дека е неопходно да се испита финансиското работење на Трамп, со цел да се утврди дали има конфликт на интереси и дали го прекршил законот со тоа што не се одвои од своите работни места, како што тоа го направија претходните претседатели.

Трамп одбива да соработува во рамките на истрагите за даночни пријави поврзани со неговите бизниси.