Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека не се бори за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласале за него.

– Не се борам за себе, се борам за 74 милиони луѓе (не вклучувајќи ги бројните гласови за Трамп кои се фрлени), кои гласаа за мене -напиша Трамп.

Тој од гувернерот на Џорџија побара итна реакција во врска со проверката на гласачките листи во таа сојузна држава, наведувајќи дека тој може лесно да го стори тоа.

– Зошто Брајан Кемп, гувернерот на Џорџија не ги искористи своите овластувања кои ги има за итни ситуации, што лесно може да го стори, да го надвладее својот тврдоглав државен секретар и да ги провери потписите на писмата. Тоа би бил златен рудник на измами и лесно би ја освоиле државата – пишува Трамп.

Тој истакнува дека би требало брзо да се провери бројот на писма и бројот на гласачки листи.