Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша регулатива со која им се забранува влез на мигрантите кои нема да бидат покриени со здравствено осигурување 30 дена од влезот во САД или немаат пари сами да ги платат своите здравствени трошоци. Мерката стапува во сила на 3 ноември.

Белата куќа смета дека тоа нема да влијае врз можноста за добивање статус на азил или бегалец. Администрацијата на Трамп планира во 2020 година да дозволи во САД да влезат само 18.000 бегалци. Суспензијата се однесува само на лица што сакаат да влезат во САД со имигрантска виза.