Фото: Игор Бансколиев

Маж (39) кој бил во тешка состојба по сообраќајната несреќа кај Ласкарци, рано утринава починал на КАРИЛ, со што бројот на жртви се зголеми на 15, соопшти Министерството за здравство.

– На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје, утринава во 5 часот, почина уште еден од патниците кои настрадаа во сообраќајната незгода кај селото Ласкарци. Станува збор за петнаесеттиот загинат, маж на возраст од 39 години – се наведува во соопштението.

Патникот при несреќата се здобил со тешки повреди на градниот кош и белите дробови и веднаш пренесен во болницата „8 Септември“. Но, поради сериозноста на повредите уште ноќта бил префрлен КАРИЛ.

Врз повредениот биле извршени две операции истата вечер, откако бил донесен на Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување поради големо крварење од белите дробови. За жал поради сериозноста на повредите, утринава починал.

Дел од повредените и понатаму се лекуваат во болничките центри, додека оние што имаа полесни повреди, беа пуштени на домашно лекување.