Фото: Игор Бансколиев

На обвинителите и на останатите вработени во СЈО, од вчера, мобилните телефони им се исклучени во еден правец (можат да примаат повици, додека телефоните набргу ќе им бидат исклучени и за дојдовни повици), а во просториите на СЈО нема ниту Интернет, објавуваат повеќе медиуми, повикувајќи се на извори во обвинителството. 

Исклучувањето наводно се должи на неплатени сметки, откако по разрешувањето на Катица Јанева нема кој да ја потпише исплатата. Според неофицијални информации, долговите во СЈО се натрупани за изминатите три месеци, при што се должи за сметки за вода, парно, струја, кирија, а стотината вработени чекаат плата за истиот период.

Засега нема решение на повидок бидејќи републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески би можел да ги преземе овие надлежности од Јанева, само со закон (законските измени веќе се предложени). 

Обвинителите кои беа дел од тимот на СЈО, уште одат на работа во просториите на СЈО, и покрај тоа што пред извесен период е одлучено да се вратат во старите обвинителства од каде што дојдоа.