Србите незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички веќе седми ден протестираат на северот на Косово кај премините Јариње и Брњак.

Неколку авиони на војската на Србија денеска во неколку наврати повторни ги надлетуваа административните премини. Претходни и хеликоптер на КФОР леташе над просторот во близина на Јариње.

На позициите остануваа и специјалните сили на косовската полиција.

За состојбата денеска српскиот претседател Александар Вучиќ телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Како што беше објавено, Вучиќ посочил дека Србија апсолутно со ниту еден потег не го прекршила Бриселскиот договор или Резолуцијата 1244, ниту пак на каков било начин го загрозила зачувувањето на мирот.

– Седум дена трае целосната окупација со оклопни возила на северот на Косово и Метохија, што ја спроведува Приштина, и сите во меѓународната заедница гласно молчат – истакна Вучиќ.

Тој укажа дека сите одеднаш се загрижени кога гледаат српски хеликоптери и авиони на територијата на централна Србија, затоа што претпоставува дека тие не треба да постојат или не треба да полетаат додека тоа не го одобри косовскиот премиер Албин Курти или некој од меѓународната заедница.