Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала. Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш, напиша техничкиот премиер Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил.

Спасовски пред два дена на онлајн-прес видеосесијата „Ретроспектива: коронавирус МК“, информираше дека се изготвува план како и на кој начин да се почне со олеснување на некои од воспоставените мерки после 1 мај, а кои ќе бидат во функција на постепено враќање на животот во нормала.

Иако вонредната состојба во Македонија ќе трае до средината на мај, Владата се придржува до примерот и политиките на земјите од Европската унија за постепено намалување на рестрикциите за движење. Сепак, намалувањето на мерките не значи и конечен крај на епидемијата од ковид-19. 

Подготвуваме сериозен план, после првомајските празници да започне процес на враќање на нормала. Тоа нема да биде бргу, ниту веднаш.#СедиДома

Posted by Oliver Spasovski on Понеделник, 20 април 2020