Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до нулата, а дневната температура од седум до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус четири, а дневната температура до 12 степени.

До петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, освен во среда кога ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Повторно зголемување на облачноста со локални врнежи се очекува за време на викендот.