Времето во Македонија ќе биде сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до минус 14 степени, а дневната температура од минус еден до еден степен.

Во Скопје ќе биде сончево и студено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до минус шест степени, а дневната температура до нула степени.

Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на наредната седмица ќе се задржи променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Повремен слаб снег ќе има во недела, кога дневната температура ќе биде во благ пораст. Во понеделник и вторник ќе преовладува стабилно време, а нови врнежи од снег се очекуваат од среда.