Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до четири, а дневната од 10 до 22 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена обланост и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и топло време со мала до умерена облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминуваат 20 степени.