Иван Корчок, државниот секретар за надворешни работи на Словачка порача дека Македонија мора да добие преговори со ЕУ.

– Позицијата на Словачка е апсолутно јасна: преговори мора да се отворат за Македонија. Тие го решија спорот за името, се согласувам со Европската Комисија дека прогрес е направен внатрешно во оваа земја, бев во Скопје и апсолутно ќе поддржам отворање- рече Корчок.

Денеска министрите за надворешни работи дискутираат за преговори со Македонија. Неизвесно е дали одлуката ќе биде донесена денеска или на претстојниот Самит на ЕУ на 28 и 29 јуни.