Четири члена на американската морнарица загинаа во пад на воен хеликоптер во Калифорнија, за време на рутинска вежба северно од градот Пластер Сити.

Морнарицата потврди дека несреќата се случила вчера околу 14:35 часот по локално време, пишува Лос Анџелес Тајмс.

Федералната управа за воздухопловство го потврди падот на хеликоптерот, а според информациите на локалните медиуми станува збор за летало ЦХ-53Е, најголем и најтежок хеликоптер во американската војска што може да превезе до 60 луѓе.

Причината за несреќата сė уште не е позната, а истрагата е во тек.