Северна Кореја испука три неидентификувани проектили денеска. Генералштабот на јужнокорејската армија не прецизираше за каков проектил станува збор.

Проектилите биле испукани од градот Сондок кон Источното Море. Северна Кореја испука две ракети со краток дострел од источниот брег на градот Вонсан минатата недела.